Вежби за спасување од поплави во близина на мостот „Тодор Александров“

Во близина на мостот „Тодор Александров“ во населбата Аеродром, од утре до четврток, на реката Вардар ќе со одржат серија на вежби за спасување од поплави. При овие вежби ќе бидат ангажирани голем број на луѓе, возила и механизација, како и хeликоптери, известуваат од Град Скопје.

Овие вежби се во рамките на Програмата на Европската комисија за цивилна заштита и хуманитарна помош, а во организација на Градот Скопје, кој е партнер на европскиот проект за зајакнување на локалните капацитети за справување со поплави „АХЕЛУС“.