Вежбите за парадата ги воодушевија белграѓани, децата наседнаа по тенкови

Припадниците на Војската на Србија денеска продолжија со подготовките за воена парада со порака од министерот за одбрана Братислав Гашиќ дека она што ќе се прикаже на 16 октовмри ќе покаже дека Србија има со што да се гордее.

Посебно воодушевување вежбите предизвикаа кај децата кои ги набљудуваа тенковите. Родителите ги даваа децата на војниците додека возилата поминуваа покрај нив, што предизвика посебна радост кај најмалите.

Од денеска до одржувањето на парадата на 16 октомври, сообраќајот ќе биде под посебен режим.