Македонија

Ви Прилеп издадени 100 илјади решенија за легализација на дивоградби

Ви Прилеп издадени 100 илјади решенија за легализација на дивоградби

Во просториите на Агенцијата за Катастар на недвижности денеска беше доделено стоилјадитото решение за дивоградба. Подносител на барањето, кое било поднесено во петокот во 15:45 часот, е Радевски Иван од Кисела Вода.

Лидер по бројот на запишани решенија за легализација на дивоградби е општина Прилеп, каде се легализирани 8.230 објекти, во скопските општини заедно пак се легализирани вкупно 32.710 објекти.

По Прилеп со најголем број на легализирани објекти се и Штип, Битола и Струмица каде се легализирани по над 5.000 објекти, посочина денешната прес-конференција истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

– Апелирам со сите граѓани да поденсат геодетски елаборати до 31.декември 2015 година и да ги легализираат своите објекти, рече Јанакиески.

Од донесувањето на Законот за заклучување на стечајните постапки до денес, пак, се изготвени елаборати за 516 објекти на правни лица, за чии објекти се води стечај.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвжности Славче Трпевски истака и дека изминатите две недели се примени 120 барања за изготвување на бесплатни геодетски елаборати, потенцирајќи дека Агенцијата ја превзема обрската за изготвување на овие елаборати за легализација, залица кои се приматели на социјална или постојана парична помош, како и за лицата со ниски примања до 168.000 денари бруто на годишно ниво.