Магазин

Вибер отвори јавен чет за македонскиот бренд AllWeb

Вибер отвори јавен чет за македонскиот бренд AllWeb
Вибер отвори јавен чет за македонскиот бренд AllWeb

Конференцијата за дигитален маркетинг AllWeb отвори свој јавен чет на Вибер (Viber Public Chat) во Македонија. Отсега, сите корисници на оваа апликација ќе може да бидат во тек со подготовките, во живо да ги следат интервјуата со говорниците и да добиваат важни информации поврзани со настанот.

“Исклучително сме задоволни што партнерството со Вијбер ни овозможи да ја искористиме оваа можноста за отворена комуникација ипретставување на нашиот брендпред публиката со помош на популарната апликација. Концептот на конференцијата е да биде прифатена како двигател на промените и оваа наша активност ја потврдува заложбата да ја постигнеме целта“- изјави Славица Биљарска Мирчески, еден од организаторите на AllWeb.

Јавниот чет на Вијбер отворен за конференцијата AllWeb е достапен на viber.com/allwebmk и на него може да се приклучи секој корисник на Вијбер.

Јавниот чет на Вијбер е услуга која им овозможува на јавните личности, компаниите и брендовитеда водат и споделуваат јавни  дискусии со фановите. Овој дел од сервисот веќе е достапен во регионот, каде неколку медиуми и компании го користат за интеракција со пошироката јавност.

Со повеќе од 606милиони корисници, Вибер посебно ја акцентира важноста на локализираниот пристап- давајќи им можност на корисниците за поврзување и меѓусебно испраќање на позитивни вибрации и поддржува блиски релации со јавните личности, брендовите и медиумите.