„Вибрант Гуџерат“ – идеална можност за презентација на бизнис можностите

„Вибрант Гуџeрат“ е името на самитот за инвестиции кој се оддржува на секои две години во Индија. Самитот е организиран од страна на владата во индиската држава Гуџарат, а главна цел е да се соберат на едно место сите бизнис лидери, инвеститори, корпорации, лидери, политичари, академици. Годинава самитот започна во неделата, а ќе трае до вторник во Ахмадабад, Република Индија. Инаку, самитот се оддржува по седми пат. За прв пат „Вибрант Гуџарат“ се оддржа во 2003-та година.

За прв пат во неговата 10-годишна историја годинава самитот ќе биде искористен и за бизнис дипломатија, за што особено придонесува присуството на Државниот секретар на САД, Џон Кери и Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.

Досегашните шест самити постигнаа голем успех и го трансформираа овој Самит во мошне значаен економски настан. Главниот фокус на владата од Гуџарат годинава е ставен врз инклузивниот развој, а акцент ќе биде ставен на повеќе клучни области: иновации, оддржливост, развој на вештини кај младите, размена на знење и вмрежување.

Овој самит е идеална платформа за другите држави да ги прикажат нивните бизнис можности, да разменат изкуства и знаења со претставници од други земји.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски вчера учествуваше и се обрати на отворањето на глобалниот самит „Вибрант Гуџерат”. Пред учесниците – светски политички и економски лидери, академици и експерти, тој подвлече дека во последните години во Македонија особен фокус е даден на овозможување добра бизнис клима, инвестирање во инфраструктурата, поддршка и силни реформи во образованието, и администрацијата и поддршка на иновациите, технолошкиот развој и владеењето на правото.

Шефот на Владата на маргините на глобалниот самит во Ахмедабад, се сретна со неговиот индиски колега Нарендра Моди и порача дека индиските компании се добредојдени да инвестираат во технолошко-индустриските зони во Македонија.

На средбата беа констатирани добрите политички и економски односи меѓу двете земји, кои во последниот период бележат интензивирање што дополнително придонесува за зајакнување на пријателството меѓу Македонија и Индија. Двајцата соговорници разменија мислења и за можноста за продлабочена економска соработка.

Премиерот Никола Груевски на маргините на самитот оствари билатерална средба и со премиерот на индиската држава Гуџерат која е домаќин на самитот, Анандибен Пател, а разговараше и со претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким со кого ја констатираа одличната меѓусебна соработка, која постои во однос на реализација на повеќе актуелни проекти.

Разговор беше остварен и со државниот секретар на САД, Џон Кери, генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки Мун, како и со повеќе други премиери, министри и извршни директори на компании кои беа присутни на самитот.

Премиерот Груевски и владината делегација за време на престојот во Индија ќе ги посетат и градовите Калкута и Џајпур каде ќе бидат преставени можностите за инвестирање во Република Македонија.

На овогодинешниот самит се очекува да присуствуваат околу 7.000 делегати од академската средина, преставници на глобални компании и корпорации од автомобилската, технолошката, градежната, телекомуникациската индустрија, како и голем број политичари. На настанот ќе бидат присутни и главните луѓе на 50-те најголеми компании во Индија.

Градот Ахмедабад, е еден од главните политички и економски центри на индиската држава Гуџерат. Има околу 6 милиони жители и е најголем град во оваа индиска држава. Списанието Форбс го прогласи овој град за 10. најбрзорастечки град во Индија. Бруто домашниот производ минатата година изнесувал 64 билиони долари.