Вицепремиерот Бесими на средба со Коѕиас во Атина

Бесими: Mигрантите ги имаат сите услови за престој и хуман третман
Бесими: Mигрантите ги имаат сите услови за престој и хуман третман

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска во Атина ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, објави МИА.

Според кабинетот на Бесими, тема на дискусија се очекува да биде унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете држави во насока на поддршка на евро-интеграцијата.

Како што соопшти грчкото МНР, по средбата, Коѕиас и Бесими ќе имаат и работен ручек.

Други детали за средбата не се соопштуваат. Не е исклучено, ниту потврдено, двајцата министри во разговорите да се осврнат и на предлог мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција, како и на посетата на Коѕиас на Скопје, во рамките на неговата турнеја по главните градови на Западен Балкан која беше најавена за овој месец.

Ова е втора средба на македонскиот вицепремиер со грчки министер за надворешни работи. Бесими во мај 2013 година се сретна со тогашниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос со кого разговараше за европската перспектива на Македонија, и за билатералната соработка на различни полиња.

– Се надевам дека имаме капацитет и храброст, што е можно побрзо да ги надминеме сите предизвици вклучувајќи го и отвореното прашање за името и да изнајдеме заемно прифатливо решение за двете страни, со цел еден ден да бидеме дел од истото европско семејство затоа што не очекува иста иднина, изјави тогаш Бесими по средбата со Аврамопулос

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.