Вицепремиерот Пешевски се сретна со Луиза Винтон

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска се сретна со постојаниот координатор на Обединетите нации и претставник на УНДП и УНФПА во Република Македонија, Луиза Винтон.

Во рамки на средбата беше разговарано за теми поврзани со економијата во кои УНДП овозможува техничка и експертска поддршка во процесот на евроинтеграција на земјава.

Соговорниците ја поздравија досегашната соработка помеѓу Владата на Република Македонија и агенциите на Обединетите нации, нагласувајќи ја значајноста на натамошното подобрување на соработката во сите области кои претставуваат заемен интерес.

Како што информираат од Кабинетот на вицепремиерот, Пешевски истакнал дека македонската Влада презема низа мерки за економскиот и социјален развој на државата, како и да се одговори на предизвиците значајни за успешната интеграција на земјава во НАТО и ЕУ, притоа нагласувајќи дека Македонија ја цени поддршката која ја добива од тимот на УНДП во овој процес.

Соговорниците, се  согласиле дека нашата држава се движи на вистинскиот пат и изразиле задоволство од досегашната успешна соработка на веќе реализираните, но и тековните проекти во Кабинетот кои се поврзани со Националната стратегија за одржлив развој и подготовка на Акциски план за одржлив развој, како и проектите од областа на земјоделството.