На покана на шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, Попоски во Берлин ќе учествува на утрешниот министерски состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Се очекува во текот на денешниот ден вицепремиерот и министер за надворешни работи Попоски да има интензивни контакти со високи претставници на германската влада со цел придлабочување на политичката и економската соработка меѓу двете земји.