Спорт

Видал достапен на Реал (М) за 50 милиони евра

Видал достапен на Реал (М) за 50 милиони евра

Претседателот на најтрофејниот клуб во шпанската Примера дивизион, Реал (М), веќе почна со составување на списокот со фудбалери кои би требало да се преселат на „Сантијаго Бернабеу” за време на летниот преоден рок.

Во списокот со потенцијални засилувања може да се прочита и името на чилеанскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Артуро Видал.

Иако пред неколку недели одличниот играч за врска потпиша нов договор со важност до 2018 година, шпанските медиуми се убедени дека големата желба на првиот човек на „кралскиот клуб” може да стане реалност доколку официјалната понуда за Видал не биде помала од 50 мил. евра и доколку на репрезентативецот на Чиле му биде понудена годишна плата од 6 милиони евра што е за еден милион поголема од таа што моментално ја заработува во дресот на Јувентус.