Видал е недостапен и за Барса и за Реал (М)

Генералниот менаџер на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Џузепе Марота, експресно ја демантираше сензационалната информација дека чилеанскиот интернационалец Артуро Видал ќе биде продаден за време на летниот преоден рок и тоа или на Барселона или на Реал (М).

“Ние сме среќни поради информацијата дека најголемите клубови во Европа се заинтересирани за фудбалерите на Јувентус. Сепак, Јуве е во фаза на изградба, сакаме уште повеќе да пораснеме, да бидеме моќни и во Европа. Јувентус сака да купи уште неколку фудбалери, Јувентус не е клуб кој продава фудбалери. Знам дека Видал е среќен во Торино и на нас тоа ни одговара. Ќе остане во Торино, гарантирам со 100% сигурност”, изјави Марота.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.