Видал и кажа збогум на старата дама

Раководните лица на старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус се во паника откако стандардниот првотимец, репрезентативецот на Чиле, Артуро Видал, по натпреварот против селекцијата на Шпанија изјави дека е можно да ја смени клупската средина за време на летниот преоден рок.

“Не знам дали ќе останам во редовите на Јувентус. Можно е да ја променам клупската средина за време на летниот преоден рок. Сите опции се во игра, но сега не сакам да зборам на таа тема. Целосно сум фокусиран на Мундијалот во Бразил”, изјави Видал.
Во случај Видал и официјално да побара да биде продаден за време на летниот преоден рок, раководните лица на Јувентус ќе ја стартуваат потрагата по заинтересираниот клуб кој е подготвен да одвои околу 45 мил. евра за обештетувањето на одличниот играч за врска.