Видал и официјално во Баерн Минхен

Дали Видал е алката која минатата сезона му недостигаше на Пеп за освојување на ЛШ ?

Шампионот на Бундеслигата уште мината недела најави дека е постигнат договор со Јувентус, а чилеанскиот репрезентативец денес ги мина и лекарските прегледи, по што стави потпис на договорот со “баварците”.

28-годишниот играч за врска доаѓа како огромно засилување за средниот ред на Баерн, особено што еден од главните играчи изминативе сезони, Бастијан Швајнштајгер си замина од клубот и потпиша со Манчестер Јунајтед.

Видал својата кариера ја започна во Коло Коло, од каде пристигна во Бундеслигата, односно во Баер Леверкузен. во 2011-та година потпиша договор со Јувентус, каде за четири години освои четири титули во Серија А и италијанскиот куп, а негов последен натпревар со Јуве беше финалето во Лигата на шампионите, каде беа поразени од Барселона.