Спорт

Видал на Олд Трафорд ќе има годишна плата од 12.5 мил. евра

Видал на Олд Трафорд ќе има годишна плата од 12.5 мил. евра

Новиот менаџер на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал, се уште се нема откажано од намерата да ги осигура услугите на чилеанскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Артуро Видал.

Англиските медиуми потврдија дека раководните лица на двата клуба се уште седат на преговарачката маса, но најавениот трансфер ќе биде реализиран само доколку челниците на МанчестерЈунајтед прво го прифатат, а потоа и го исплатат побараното обештетување од 50 мил. евра.
Одличниот играч за врска веќе е информиран дека може да потпише 5-годишен договор со гигантот од “Олд Трафорд” и дека таквиот договор му гарантира годишна плата од 12.5 мил. евра што е за три пати поголема од таа што мометално ја заработува во Торино.