Спорт

Видал потврди дека не се „пали” на Барса и Реал (М)

Видал потврди дека не се „пали” на Барса и Реал (М)

Сензационалната информација пласирана од италијанските и шпанските медиуми дека неговиот агент има седнато на преговарачката маса со раководните лица на Барселона и Реал (М), експресно беше демантирана од чилеанскиот интернационалец од редовите на Јувентус, Артуро Видал.

„Јас како фудбалер на Реал (М) или Барселона? Станува збор за смешна шпекулација, за нешто нереално во овој момент. Не постои таква приказна, не е точно дека мојот агент остварил контакт со челниците на Реал (М) или Барселона, тој е со мене, во Италија. Се што сакам е да ја освојам шампионската титула во италијанската Серија А и да забележам добар настап во мојата репрезентација на престојниот Мундијал во Бразил. Веќе сум навикнат на ваквите новинарски шпекулации, истите се повторуваат пред секој преоден рок. Постојано ме продаваат во Англија, Германија, Шпанија или Франција”, изјави одличниот играч за врска.