Видал претерал со алкохолот – направил сообраќајка

Фудбалскиот репрезентативец на Чиле, Артуро Видал, бил учесник во сообраќајна несреќа по завршувањето на средбата од Копа Америка против Мексико.

Тој добил слободна вечер која очигледно ја минал во луда прослава со својата сопруга, па се покажало дека бил и во алкохолизирана состојба кога се судрил со своето Ферари.

Видал и сопругата се пренесени во болница, не се во животна опасност, но се уште нема информации дали Чилеанецот ќе добие лекарска дозвола да продолжи да настапува за својата репрезентација на натпреварите на Копа Америка. Според информациите, тој има повреда на вратот, а и неговата сопруга не е посериозно повредена.

“За жал, имавме сообраќајна несреќа. Но, за среќа, сите сме добро, благодарам, за вашата загриженост”, напиша Видал на Твитер по сообраќајната несреќа.

Артуро Видал веќе постигна три гола на досегашните мечеви од Копа Америка, а Чиле, со оглед дека е домаќин, е еден од фаворитите за освојување на трофејот заедно со Бразил и со Аргентина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.