Видал: Шпанија е уште повеќе уплашена

Репрезентативецот на Чиле, Артуро Видал е убеден дека следниот противник во групната фаза, актуелниот светски и европски шампион, репрезентацијата на Шпанија е уште повеќе загрижена после заслужениот триумф кој претставникот на Јужна Америка, го забележа во дуелот против селекцијата на Австралија.

„Репрезентативците на Шпанија сигурно го гледале нашиот натпревар против репрезентацијата на Австралија. Гледаа како победуваме со стил, со одлична игра, со доминација. Мислам дека сега се уште повеќе загрижени. Свесни се дека ги чека еден многу тежок натпревар, знаат дека сме многу незгоден противник”, изјави фудбалерот на Јувентус.

Дуелот помеѓу репрезентациите на Чиле и Шпанија ќе се одигра на 18 јуни на фудбалскиот храм „Маракана”.