Спорт

Видал во Реал (М) или ПСЖ за 50 мил. евра

Видал во Реал (М) или ПСЖ за 50 мил. евра

Сопствениците на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ и претседателот на шпанскиот гигант Реал (М), Флорентино Перез и понатаму не се откажуваат од намерата да ги осигураат услугите на чилеанскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, Јувентус, Артуро Видал.
Иако пред неколку дена, Видал го потпиша понудениот договор кој го обврзува да остане во Торино до 2018 година, челниците на Јувентус лесно ќе го сменат својот официјален став околу статусот на одличниот играч за врска доколку до нивната адреса пристигне официјална понуда не помала од 50 мил. евра.