ВИДЕ: Живее во пештера која ја опремил како куќа

Анџело Мастропиетро со својата куќа, која сам ја направил, привлече огромно внимание на друштвените мрежи, бидејќи решил да живее потполно едноставен начин на живот.

Тој буквално живее во пештера која ја опремил како куќа, а како причина ја навел потребата дека треба нешто да промени во својот живот и да биде поздрав и посреќен, бидејќи неодамна му е дијагностицирана мултиплекс склероза.

pestera1

За реализација на овој проект  било потребно да се отстранат 70 тони камења, а Мастропиетро вкупно потрошил 135 илјади евра. Тој поминал стотина часа за да го издлаби потребниот простор во внатрешноста на карпата и да ја прилагоди во простор за живеење.