Македонија

(ВИДЕО) 16 лица добија кривична за криумчарење мигранти

(ВИДЕО) 16 лица добија кривична за криумчарење мигранти
16 лица добија кривична за криумчарење мигранти

Министерството за внатрешни работи по вчерашната акција, поднесе кривична пријава против 16 лица, заради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела поврзани со криумчарење мигранти.

Пријавените се на возраст од 24 до 78 години и тоа 6-мина од Куманово, 5 од Ваксинце, 2-ца од Скопје, по едно лице од Матејче, Черкезе и Богданци и еден странски државјанин од Бангладеш кој имал улога на организатор на активностите на групата.

Секој од членовите на групата имал различни задачи околу криумчарењето мигранти за кое наплаќале сума од 600 – 1000 евра по мигрант.