ВИДЕО (+18): Човек падна од петти кат!

Жителите на еден булевар во Москва останале шокирани кога виделе како човек виси од 5. кат на една зграда.

Веднаш на лице место стигнале пожарникари и лекари. Несреќниот човек неколку пати се обидувал да се качи за во станот да влезе низ отворениот прозорец и така да се спаси меѓутоа се лизна и падна.

Тој веднаш е префрлен во најблиската болница, а неговата состојба е многу сериозна, соопшти полицијата.