ВИДЕО (+18): Џихадисти отсекоа глава на курдски војник!

Радикалните џихадисти на Исламската држава извршија уште едно обезглавување. Жртвата овој пат бил заробен курдски војник.

Снимката била направена пред џамија во ирачкиот град Мосул. Со оваа видео снимка џихадистите испраќаат порака до Барзани, што очигледно се однесува на Масуд Барзани, претседател на ирачкиот Курдистан.

Барзани бил предупреден дека „направил голема грешка кога се здружил со Американците“.

Екстремистите се заканиле дека ќе погубат уште 14 курдски борци кои се во заробеништво доколку Курдите продолжат да соработуваат со САД. Пораката од арапски е преведена и на курдски јазик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.