Спорт

ВИДЕО (+18): Премиерлигаши обвинети за оргијање и расизам

ВИДЕО (+18): Премиерлигаши обвинети за оргијање и расизам

Тројца фудбалери на англискиот премиерлигаш Лестер Сити се најдoa во центарот на секс-скандал откако на интернет се појави нивно домашно видео со една девојка. На видеото што го објави „Сандеј мирор“, се гледаат фудбалерите Џејмс Пирсон (22), син на менаџерот на клубот Нигел Пирсон, како и неговите соиграчи Адам Смит (22) и Том Хопер (21).

Англиската јавност ги обвини за оргијање и за расизам, затоа што девојката што била во нивно друштво ја нарекувале „косоока“.

По објавувањето на спорната видео снимка, сите тројца играчи се предвремено испратени назад во Велика Британија.

– Од нашите играчи од сите возрасти се очекува да бидат вистински претставници, амбасадори на нашиот клуб, без разлика на тоа дали се работи за клубските активности или за нивните приватни животи, така што ќе се поставиме доста сериозни кон однесувањето на овие тројца. Хопер, Пирсон и Смит сакаат на овој начин да изразат искрено извинување за нивното однесување, како и кон жената која е дел од овој инцидент, така и кон клубот и неговите сопственици, нашите навивачи и семејствата на играчите, се наведува во соопштението на Лестер сити.