ВИДЕО: 19-годишна Американка убила 22 лица поради сатанистички култ

Деветнаесетгодишна Американка признала дека убила над 20 лица поради сатанистички култ.

Миранда Барбоур од Пенсилванија додека  и се суди за убиство на маж кој го запознала на социјалните мрежи минатиот ноември,  признала дека убила над 20 луѓе низ Америка.

Таа и нејзиниот сопруг, три години постариот Елиот се обвинети за убиство на 42-годишниот Трој ЛаФарере. Морбидните сопружници за третата недела од брачниот живот се почестиле со убиство. Миранда го намамила несреќиот маж преку мрежата за состаноци на слепо„Craigslist“, а нејзниот сопруг се сокрил на задното седиште. Елиот го задавил со коноп, а таа крвнички го бодела со нож.

Таа го избодела Трој 20 пати, а потоа со саканиот отишле на вечера во стриптиз бар. Иако на почетокот на судењето таа тврдела дека е во самоодбрана, на крајот признале дека само сакале да убијат некого таа вечер.

Во интервју за „Daily Item“  таа од затворот раскажала дека Трој не е единствената нејзина жртва. Таа убива од 13 години,кога се приклучила на сатанистички култ во Алјаска,  а вели кога стигнала до 22 жртви престанала да брои. Рекла дека нема  грижа на совест бидејќи сите кои ги убила биле лоши луѓе.

Во интервјуто оваа мајка на едно дете ги признала сите убиства бидејќи сакала да биде искрена и додала дека е подготвена да разговара со полицајците.Таткото на нејзиното дете е мртов, полицијата се сомнева дека и него го има убиено.

Миранда раскажала дека кога имала четири години сексуално ја злоупотребувале.

Таа искрено одговорила дека ако ја пуштат на слобода таа ќе продолжи да убива.

Полицијата води истрага по информациите добиени од Миранда, а засега имаат потврдено дека таа живеела на Алјаска со мајка и.