Свет

ВИДЕО: 46 ќуки изгореа во пожар во Австралија

ВИДЕО: 46 ќуки изгореа во пожар во Австралија

Еден човек го изгуби животот, четворица се водат за исчезнати, а најмалку 46 домови се уништени во пожар во градот Перт во западниот дел на Австралија. Локалните власти соопштија дека пожарот се’ уште не е ставен под контрола.

Пожарот  што избувнал  откако паднал далновод  во  шума во  предградие на Перт, според АФП, постојано се шири поради ветрот.

Пожарникарот  Вејн Грегсон изјавил  дека четири лица се водат за исчезнати, но тој стравува дека тие се жртви на огнот.

Во пожарот животот го загуби 62-годишен маж кој загинал откако му паднал кровот на куќата додека се обидувал да го изгасне пожарот.

Стотици луѓе мораа брзо да ги напуштат своите домови и да побараат помош во засолништата.

Ветрот и топлото време во Австралија го отежнуваат локализирањето на огнената стихија. Властите предупредуваат на нови пожари.

Во Перт во текот на викендот температурата  достигнаа 44 степени, а топлиот воздух сега се движи на исток низ целиот континент.