ТОП,Свет

ВИДЕО: Абдеслам незнаел за нападите во Брисел

ВИДЕО: Абдеслам незнаел за нападите во Брисел

Главниот осомничен за нападите во Париз, Салах Абдеслам нема да се противи на неговата екстрадиција во Фрнација. За ова информираше неговиот адвокат на сослушувањето пред судот во Брисел денеска.

Адвокатот Свен Мери, пред новинарите по сосолушувањето изјави дека Абдеслам се предомислил и дека сакал да биде вратен во Франција.

Абдеслам не сака да соработува со белгиската полиција, рече тој.

Мери за медиумите изјави дека Абдеслам „не знаел“ за нападите во Брисел. Како што може да се види и на видеото, новинарите го прашаа Мари што рекол Абдеслам за нападите во Брисел.

Не рече ништо, затоа што незнае, кратко одговори Мари.


Инаку денешното сослушување пред судот беше одложено за 7-ми април. Судот го прифатил барањето за одложување поднесено од адвокатот на Абдеслам.