ВИДЕО: Адел најави нов албум

Фановите на Адел добро знаат дека пејачката не е претерано активна на друштвените мрежи, но кога нешто ќе објави, значи дека има важна вест.

Така е и овојпат-таа објави подолго писмо во кое им се извинува на фановите што и требало толку време за нејзиното враќање.

Таа преку писмото го најави новиот албум, кој е именуван како „ Адел 25 “.

adel

-Кога наполнив 25 се наоѓав на крстосница, бидејќи бев на граница помеѓу адолесценција и возрасна личност, појаснила таа.

Пејачката со својот втор албум постигна огромен комерцијален успех, а потоа освои Оскар за насловната тема на последниот филм за Џејмс Бонд, „Скајфол“.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.