Магазин

Видео: Аеромобил- сеедно му е дали е на земја или во воздух

Видео: Аеромобил- сеедно му е дали е на земја или во воздух

Запаметете ги моите зборови: комбинација на авион и автомобил доаѓа. Можете сега да се смеете, но тој ќе дојде!, рече во 1940 година прочуениот Хенри Форд.

Словачкиот дизајнер Стефан Клајн ја покажа својата иновација наречена „Aeromobil Version 2.5″.

Прототипот на кој тој работеше цели 20 години.

Преубаво дизајнираното летало со крила на расклопување и опашка. Поубаво од американската верзија за „Terrafugia.

Leteci-auto, -foto-1

Но, дали неговите можности се вклопуваат со неговиот изглед?

Челичната конструкција и панели изработени од јаглеродни влакна го прават тежок 450 килограми без гориво и луѓе, за кои се предвидени двe места во многу тесен кокпит. Телото на аеромобилот, според тежината е половина од еден мал автомобил, како на пример Форд фиеста.

Leteci-auto,-foto-2

Овој суперлесен автомобил се стартува со „Rotax 912″, мотор кој е со водено ладење од 100 коњски сили, а е монтиран зад седиштето.

Ја движи и осовината која оди до порпелерот на опшката, како и осовината на предните две точки, кои го движат возилото по земјен пат.

Кога е во автомобилската фаза, крилата се склопени наназад, во должина на трупот. Возилото достигнува брзина од 160 километри на час, а троши само осум литри гориво.

Интересно е тоа што има два волани, поставени еден во друг, големиот е за управување по земја, а малиот за пилотирање.

Leteci, tehnicki-podaci

Како што е прикажано и на видео-снимката, кога аеромобилот ќе стигне на аеродром, возачот/пилотот со стискање на само едно дугме ги отвора крилата кои се со распон од 8,2 метри.

Потоа менувачот го префрла на пренос на осовината на пропелерот. Забрзувањето кое му е потребно за полетување е 130 километри на час, а додека пак, во воздух развива до 200 километри на час.

Leteci-auto,-foto-3

Максималниот долет му е 700 километри, додека пак со моторот достигнува нешто повеќе од 875 километри.

Клајн истакнува дека како автомобил се вклопува во стандардните паркинг места, а се полни со гориво на обични бензински пумпи како и сите автомобили.

Со самото тоа е добро да се знае дека на ова летало не му е потребен керозин, како на останатите.

Прототипот би требало да ги убеди инвеститирите дека е ова одржлив концепт. Ако биде потпишан договор за сериско производство, ќе бидат потребни уште две години за да се добијат неопходните сертификати, проценува Клајн.