ВИДЕО: Афромен нокаутираше обожавателка на својот концерт

Во вторникот навечер музичарот Афромен настапуваше во Мисисипи. Во текот на настапот на бината се качи жена која му пријаде на пејачот.

Тој одеднаш полуде, се сврте кон жената и со цела сила ја удри по глава. Жената падна на подот и едвај се симна од бината, а Афромен си продолжи да свири додека не се запалија светлата.

Телохранителите и помогнаа на жената да се симне од бината, а музичарот е веднаш уапсен.

Неговиот портпарол изјавил дека пејачот не знаел дали зад неговиот грб се наоѓа маж или жена и дека реагирал нагонски.