ВИДЕО: Ајкула загина во сообраќајна несреќа

Ајкула загина откако камионот кој ја превезувал направиил сообраќајка во близина на местото Дејтона Бич.

Во камионот се наоѓале пет ајкули, со должина од околу 1,5 метар, а другите четири животни се повредени и се згрижени во паркот „SeaWorld“ во Орландо на Флорида.

Ајкулите патувале од паркот во Орландо кон њујоршкиот аквариум на Кони Ајленд (Бруклин), каде што требале да се појават на изложба на морскиот свет.