ВИДЕО: Ако уринираш по ѕидовите, ќе се вратиш дома со мокри панталони!

Жителите на населбата Санкт Паули во Хамбург решиле да им се одмазат на љубителите на ноќните забави кои уринираат по ѕидовите. Тие фасадите ги обоиле со специјална боја која го одбива млазот на урината и го праќа во правец од каде што дошол.

– Забраните и казните не ги одвратија пијаниците од оваа грда навика. Затоа одлучивме да го решиме овој проблем на наш начин. Санкт Паули го возвраќа ударот, рекол еден од жителите кои ја покренале иницијативата за пребојадисување на ѕидовите.

a1

Хидрофобната боја имено се користи во бродоградежништвото и го одбива секој вид течност која доаѓа во допир со пребоената површина. Тоа значи дека непослушните пијаници, при обидот да уринираат по ѕидот, си заминуваат дома со мокри патики и панталони.

„Тука немојте да уринирате! Возвраќаме!“, порачуваат жителите на Санкт Паули.