ВИДЕО: Актер уапсен бидејќи е премногу секси!

Актер од Саудиска Арабија е уапсен поради тоа што е многу секси.

Абдул Азиза Ал Кассар воопшто не очекувал дека ќе биде уапсен додека заминал на шопинг во трговски центар во Ријад.

Обожавателки кои го сретнале сакале да направат селфи фотографија со славниот актер, а тоа довело до негово апсење поради обвинение дека го нарушил јавниот ред и мир, како и бидејќи имал контакт со жени кои не се во никаква врска со него.

На видео снимката се гледа како Ал Касар, опкружен со жени, кои го извикуваат неговото име и се обидуваат да му се приближат, а потоа приоѓа маж и го апси актерот.

Тој бил уапсен од членови на Комисијата за промоција на вредноста и превенција од грев, таканаречена  религиозна полиција во земјата.

Актерот инаку живее во Кувајт, а Саудиска Арабија ја посетил поради „професионални причини“.

Ал Касар е пуштен откако ја платил кауцијата, но не смее да ја напушти земјата до завршувањето на истрагата, бидејќи Комисијата го обвинила дека преку социјалните мрежи ги искористил за да се сретне со жените и да се фотографира со нив.

Имено, тој претходно на една социјална мрежа ги запрашал своите следбеници кое е најдоброто место за шопинг во Ријад, а на полицијата и рекол дека не очекувал волкав број фанови.