вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 45

ВИДЕО: Активисти на „Протестирам“ ја вандализираа куќата на Христо Узунов

Обезбедувањето на Завод и музеј на Град Охрид ноќеска затекнало десет лица како ја вандализираат куќата во која е роден војводата Христо Узунов, која е музеј посветен на војводата и револуционерната дејност и е објект заштитен со Закон, јавува порталот Охрид1.

hristo-uzunov-1

Поврзани вести

Обезбедувањето на Завод и музеј на Град Охрид ноќеска затекнало десет лица како ја вандализираат куќата во која е роден војводата Христо Узунов,  која е музеј посветен на војводата и револуционерната дејност и е објект заштитен со Закон, јавува порталот Охрид1.

Како што пишува порталот, чуварот на лице место ја затекнал Јована М. ( 24 ) од Струга која на куќата  со спреј пишувала политички графити, а со неа биле уште десет други лица од Скопје и други градови на Македонија, сите активисти на граѓанското движење „Протестирам“.

3 1

Порталот понатаму пишува дека лицата се приведени, случајот е документиран, а според информациите од Завод и музеј на Град Охрид случајот е предаден во обвинителство.

Директорката Тања Паскали Бунташеска за Охрид1 вели дека нема намера да се повлече и дека ќе оди до крај во расветлувањето на овој случај.

Куќата во која е роден славниот војвода Христо Узунов е заштитена со Закон уште од 1950 година. Во таа година не бил роден никој од политичарите против кои тие сега протестираат, а за делото на Христо Узунов нема потреба да елаборирам. Ова е надвор од разумот, вакво вандалзирање на култорноисториското наследство е недозволиво и јас како Директор на институцијата која е задолжена да го чува, конзервира и одржува културното наследство нема да стојам со скрстени раце и немо да гледам. Овој случај ќе го истерам до крај, а Полицијата ја повикувам поефективно да делува и да го сосече во корен ова, изјави Тања Паскали Бунташеска за Охрид1.

СВР Охрид сеуште нема лиферувано инфроамција за јавност по овој случај кој се одиграл ноќеска. Во текот на ноќта во Охрид се случило уште едно уништување на општо добро со кршење на целиот новозасаден дрворед на патеката кај Студенчишта.

Најчитани вести