Балкан

Видео: Албанија испраќа специјалци против своите платеници

Видео: Албанија испраќа специјалци против своите платеници

Албанија, како членка на НАТО, прави конкретни чекори за спречување на своите граѓани да се придружат на радикалните групи и учествуваат во борбите на странските боишта, конкретно во Сирија и Ирак, пишува Ал Џезеира, пренесува НетПрес.

Албанија основа нова антитерористичка единица и повика на соработка со другите земји и организации. Единицата би требало да биде целосно оперативна за неколку месеци.

Албанскиот министер за внатрешни работи, Саимир Тахири вели дека Албанија има намера да стане регионален центар за координација во борбата против радикалните групи и тероризмот.

„Имавме само мала единица на албанската полиција која не беше добро подготвена и на која и недостигаше инфраструктура и буџет за да се занимава со истрагите за случаите во кои беше вклучен тероризмот.Затоа одлучивме да создадеме најголема антитерористичка полициска единица во регионот. Таа има повеќе од 100 припадници, а задачата им е да пронајде, истражува и достави кривични постапки во соработка со обвинителството“, објаснува министерот Тахири.

isis-2

Идејата е под еден кров да се одвиваат разузнавачките и истражните активности и надлежноста за приведување на осомничени.

Според податоците Министерството за внатрешни работи, повеќе од 150 Албанци од Косово и Албанија им се придружија на радикалните групи во Ирак и Сирија.

„Поголем број од Албанците ги поддржуваат мерките кои ги презема Владата во борбата против оние кои учествуваат или регрутираат други за да им се придружат на радикалните групи во Сирија и Ирак, но некои веруваат дека репресивните мерки можат да имаат контраефект“, пишува Ал Џезеира.

Нема реални закани

Аналитичарот од Тирана, Илир Кула, смета дека не постои реалн а закана за безбедност во Албанија, но и дека владините мерки можат да се искористат на друг начин.

„Мислам дека треба да им се даде предност на собирањето на информации за да се разберат причините за религискиот радикализам. Пред да се почне да се мисли за репресија, треба да се размисли како да се обезбеди подобра иднина за младите“, вели Кула.

Владата на Албаниај работи на стратегија која би требало да ја реинтегрира во општеството на оние кои размислуваат за придружување кон радикалните групи, но еден од главните приоритети останува координацијата меѓу земјата во борбата против оние кои си зам инуваат или ги поттикуваат останатите да одат на странски боишта.

CD595032-AA19-4F87-BDEF-5F785DAB9500_w640_r1_s

„Планирале да овозможиме оваа единица да служи како точка на фокус, имајќи ги в предвид Албанците кои живеат во соседните држави. Заедно со нашите партнери сакаме оваа единица да служи како точка на координација кога станува збор за заедничките истраги и кривичните дела“, додава министерот.

досега на боиштата во Сирија и Ирак убиени се најмалку 20, главно косовски Албанци, додека под истрага поради учество во странски боишта или поттикнување на радикализам се води против 60 лица од Косово и 13 од Албанија.