ВИДЕО: Албански екстремисти ги кинат косовските пасоши и најавуваат освојување на Рим и Ерусалим

На социјалните мрежи се појави видео снимка на припадници на Исламската држава Ирак и Левант. Командант од оваа екстремна исламистичка организација кој е Албанец изјавува дека ќе ги покори Ерусалим и Рим.

Главниот говорник со мачета во рацете и пасош на Косово во еден момент ги повикал насобраните да ги искинат пасошите и да ги фрлат на земја бидејќи од каде и да доаѓаат сите се еднакви пред Бога.

Во нивна позадина се вее знамето на оваа екстремистичка организација.

Од почетокот на судирите во Сирија пред три години медиумите известуваа за заминувањето на млади од Нови Пазар во редовите на „Исламската армија во Ирак и Левант ИСИЛ“ и според неофицијални информации во оваа воена формација се борат околу 150 косовски Албанци кои ги нарекуваат „Ал Косово“.

Според информациите кои ги има српскиот весник „Правда“, Албанецот кој што говори на снимката е Лавдрим Мухаџири кој што командува со албанските доброволци во Сирија.

Лавдрим Мухаџири познат уште како командант Мухаџири две години работел за НАТО во Авганистан, а по враќањето во Косово ја формира организацијата „Муслиманска младина Качаник“ во која се назначил за Емир односно лидер на военото крило на организацијата.

Двајца припадници на организацијата, Хетем Дема и Кјану Мјаку Емин, погинаа на почетокот на јануари во близина на сирискиот град Алепо во судир со други сириски бунтовнички фракции.

Мухаџири се приклучил на војната во Сирија, како припадник на Ал-Каеда во 2012 година, а на Косово се вратил една година подоцна. Тој на Косово престојувал до 2013 – та година, кога повторно се вратил во Сирија каде станал главен командант на албанските доброволци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.