ВИДЕО: Албански пратеници се степаа во Парламентот

Вчера се случила тепачка во албанскиот Парламент, во која учествувале Армандо Пренга од Социјалистичката партија и Гент Стразимери од опозициската Демократска партија.

Нивната вербална распаравија продолжила и во собранискиот ходник, во која се вклучиле уште неколку пратеници за да ја смират ситуацијата. Сепак за да се смири истата морале да интревенираат припадниците на Националната гарда.

Физичката пресметка не е нешто ново за албанскиот законодавен дом. Во свежо сеќавање се уште потешки инциденти, посебно оној што се случи во 1997 година кога во собранискиот ходник со неколку истрели од пиштол беше ранет демократот Азем Хајдари, кој една година потоа беше убиен пред седиштето на партијата.

Глетка за осуда беше онаа пред шест години кога сега актуелниот спикер на парламентот, лидерот на Движењето за социјалистичка интеграција, Илир Мета, сакаше физички да се пресмета со тогашната претседателка на парламентот Јозефина Топали, но за сламка ја спаси обезбедувањето.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.