среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 14

ВИДЕО: Алфите и криминалците на СДСМ во потера по Диме Спасов

alfite

Последни вести

СДСМ соработува со подземјето и користи  криминалци за свои политички цели.  Ексклузивните снимки кои денеска ги објави Сител ја откриваат целата вистина за случајот со сообраќајката на заменик министерот Диме Спасов.

 Сител телевизија во ДНЕВНИКОТ во 16 часот објави фрапантно видео, на кое се гледа како СДСМ се обидоа со подземјето да изведат физички напад на сегашен заменик министер и доскорешен министер.

Сител излезе со ексклузивно видео на кое е снимена бркотницата и нападот со оружје врз заменик министерот за труд Диме Спасов.  Од снимките кои денеска ексклузивно ги објави телевизијата, може да се види дека Спасов бил нападнат од група насилници кои му се заканувале со пиштол а потоа, истата група, заедно со лица кои се претставиле како полицајци му впериле пиштол.

Група од Серава, место кое е особено познато по криминални ликови, пресретнува џип во кој се вози Спасов. Наводно имало судар, а на снимката се уште има кал на возилото кое го возат момците од Серава и немало ниту гребнатинка, потоа го бркаат, го запираат, го удираат возилото и ставаат раце во џебови од каде вадат пиштоли.

Никаде нема судари, ниту сообраќајни несреќи, никаде нема ништо од аферата што СДСМ сакаше да ја конструира. Откако Спасов сам запира и доаѓаат алфи од редот на оние кои ги гледавме и кои бараа оружје да пукаат на своите колеги во МВР кога упаѓаше Катица Јанева, применуваат сила кон Диме Спасов, го удираат од кола и двајца вадат пиштоли.

Најчитани вести