ВИДЕО: Aмбулантен дрон како итна помош во Холандија

Секоја година речиси еден милион луѓе во Европа доживува срцев удар, а само осум проценти преживуваат поради бавната реакција на Брзата помош. Поради тоа е дизајниран и произведен амбулантен дрон : квадрикоптер за реанимација, кој може да спаси животи во неколку минути пред доаѓањето на лекарите.

Холандскиот инженер Алек Мемонт го претстави прототипот на амбулантeн дрон во вид на медицинска торба која лета и може да неси ГПС дефрибрилатори, маска за кислород и доза инсулин за многу кратко време.

Со шест пропелери дронот може да носи тежина од околу пет килограми, а може да развие брзина од 100 километри на час и да стигне до местото во рок од една минута, со што се зголемуваат шансите за преживување на 80 проценти.