ВИДЕО: Американска двојка спаси четири украински сирачиња

Дејвид и Лиса Бандли биле свесни дека посвојувањето на четири деца од Украина нема да биде лесна задача, но се соочиле со вистински кошмар кога на само 800 метри од нивниот стан во Киев почнале вооружените пресметки меѓу полицијата и демонстрантите.

Брачната двојка допатувала во Киев за да ги посвои Настја, Карина, Макс и Ала, на возраст од девет до 16 години. Закупиле стан во близина на Плоштадот на слободата, од каде велат, едвај спасиле жива глава.  Се обидувале да водат нормален живот, иако под нивниот прозорец се водеа крвава револуција.

Додеака ги чекале документите за заминување во Америка морале да го променат планот поради интензивирањето на судирите.

Дејвид со двете ќерки и синот веднаш тргнал за Алабама, а Лиса останала со Настја во Киев да го чекаат нејзниот пасош.

Фотографот и докторката решиле да посвојат деца бидејќи не можат да имаат свои. Се обиделе во Америка, но ги одбиле поради документи.

Минатото лето биле волонтери на „Мостови на верата“ која овозможува украинските сирачиња да ја посетат Америка. Кај нив дошла Настја, а по дружбата со неа решиле да ги посвојат и нејзиниот брат и сестри.

Дејвид вели дека децата се добро и со нетпрение ги чекаат постарата сестра и мајка си.