ВИДЕО: Американска полиција по грешка го убила заложникот наместо напаѓачот

30-годишен телевизиски продуцент, Џон Винклер, починал во болница во Лос Анџелес откако полицијата го помешала со напаѓач и го застрелала.

Полицијата добила повик во кој јавувачот кажал дека човек со касапски нож им се заканува на луѓе. Полицајците набргу пристигнале на местото на настанот и почнале да тропаат на вратата на станот во кој 27-годишниот, Александер Мекдоналд како заложници ги држел Винклер и уште двајца мажи. Винклер го искористил моментот кога полицајците тропале на вратата и успеал да избега од станот. Откако ја отворил вратата и почнал да бега, полицајците отвориле оган и го застрелале со четири куршуми.
Несреќниот Винклер одговарал на описот на напаѓачот – бил слаб и носел црна маица.