ВИДЕО: Американска политичарка се застрелала додека ставала пиштол во градник

Републиканската политичарка 55-годишната Кристина Бонд, загина вчера во бизарна несреќа. Таа местејќи го својот пиштол во специјалната футрола закачена за градникот, случајно испукала еден куршум кој ја погодил право во око.

– Имала проблеми со местењето на футролата во градникот, не можела да ја намести како што сакала. Гледала во градникот и случајно пукнала, изјавил началникот на полицијата.

Таа е префрлена во локалната болница, а потоа со хеликоптер на хирургија во Каламаз, каде им подлегнала на повредите.

Бонд по завршувањето на средното училиште, служела во војната полиција во морнарицата, а пред кратко време се кандидирала во својот округ како член на Републиканската партија.