(ВИДЕО) Американска водителка: Мора да ги убиеме радикалните муслимани!

Водителката на американскиот канал ТВ Фокс, Џенин Пиро, изјавила дека треба да се убијат радикалните муслимани и дека тоа е единственото решение за да се спречи злосторот на радикалниот ислам.

Таа својот став го изнела во емиисија на телевизијата по убиството на новинарите на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“.
Џенин својот радикален став го образложила со зборовите дека тоа е единствен начин да се спречат нови убиства.
Водителката понудила и решение како да се елиминираат радикалните муслимани, пишува српски Телеграф.
„Наша работа е до заби да ги вооружиме муслиманите кои не се екстремисти. Треба да им дадеме се’ што им е потребно тие да иг елиминираат исламистите.. Тие ќе ја завршат работата, а ние ќе го свртиме погледот на друга страна кажува водителката.
Притоа објаснува дека такво нешто веќе е направено во Египет во 2013 година, кога се убиени повеќе од 800 исламистиза и тоа за време на протестите против владата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.