ВИДЕО: Американски платеници во Доњецк?

По видео снимката со неидентификувани вооружени луѓе на улиците на Доњецк се појавија шпекулации дека во овој град пристигнал американски платеници.
Се шпекулира дека во тој град пристигнале американски платеници од компанијата за обезбедување „Блеквотер“.

Најмалку на две снимки, објавени на почетокот на неделава на видео каналот Јутјуб, се гледаат крупни, тешко вооружени војници без никакви обележја на униформита како шетаат по улиците на Доњецк кој што „се тресе“ од проруски протести, пишува денеска британскиот весник „Дејли мејл“.

На една од снимките може да се слушне како минувачи викаат „Блеквотер, Блеквотер“ додека вооружените луѓе без обележја трчаат.

Доњецк оваа недела беше центар на граѓански немири откако проруското население ја зазеде зградата на регионалната влада.