ВИДЕО: Американски сенатор призна дека САД финансира џихадисти

Американскиот сенатор од државата Вирџинија, Ричард Дик Блек за телевизијата „Раша тудеј“ изјави дека САД ги финансираат џихадистите на Исламската држава, пренесува Слобода.хр.

Тој наведе и земји меѓу кои Саудиска Арабија и Турција, кои исто така ги вооружуваат џихадистите.

Се надевам и се молам дека САД ќе се пробудат и ќе го запрат овој масакр. Време е да се врати мирот на Блискиот исток. Ако престанеме да ги финансираме џихадистите, војната ќе заврши, рече Блек.

Тој се осврна и на улогата на поранешниот државен секретар, Хилари Клинтон, при што произнесе тешки обвиненија дека таа водела низа акција за режимите на Блискиот исток да бидат заменети со режими на радикалните исламисти.