сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 13

ВИДЕО: Ангелов: односите меѓу Македонија и Грција се на вистински пат

Македонската Амбасада во Грција организираше прием по повод 25 години независност и 72 години државност на Македонија.

cloudy

Поврзани вести

На приемот присуствуваа повеќе странски мбасадори, претставници на грчкото МНР, на кабинетот на грчкиот премиер и шефот на државата, како и други соработници на македонската Амбасада во Атина. На свеченоста присуствуваше и амбасадорот на грчката општина Маратон Илиас Псинакис, кој минатата година го одликува Ангелов со почесниот орден „Амбасадор на Маратон“, кој се доделува на поединци кои даваат придонес за меѓународната соработка на Грција.

Амбасадорот Ангелов во здравицата на приемот истакна дека билатералните односи меѓу двете земји се развиваат во меѓусебна комуникација и соработка која е можеби без преседан, упатувајќи на процесот за мерките за градење доверба. Според него, процесот многу ветува и покажува дека односите меѓу Македонија и Грција се на вистинската патека. Македонскиот дипломат нагласи дека суштината на процесот е поврзаноста, луѓето, и нештата кои се заеднички за двете земји. Ангелов нагласи дека повеќето од нашите граѓани знаат колку заеднички работи имаат двете земји, повеќе од тоа што знаат сите, и  понекогаш повеќе од тоа што знаат политичарите.

– Комуникацијата и интензитетот на комуникацијата, па би рекол и квалитетот на таа комуникација навистина е зголемен и подобрен во овој двегодишен период. Мислам дека е преурането да очекуваме конкретни политички исходи од тоа, во смисла на прашањето кое што не оптоварува, односно ја оптоварува Грција во врска со нас – а со тоа се блокираат нашите интегративни процеси, но во делот на практичната, оперативна соработка, мислам дека стигнуваме во оној период каде што многу наскоро ќе можеме да претставиме и конкретни ефекти, резултати од таа комункација, изјави Ангелов за македонските новинари во Атина.

Тој истакна дека  преку процесот за мерките за градење доверба, двете земји всушност се обидуваат да надоместат повеќе од 20 години отсуство на ресорска соработка и комуникација во различни области, соработка која што беше жртва на прашањето на името, при што некоја страна сметала дека всушност прво треба да се најде решение за името за потоа да се  дефинира нашата ресорна соработка.

– Сега постои свесност од двете страни дека тоа се две теми или области кои што можат да одат паралелно, или ако ако постои можност едната да оди побрзо, односно да се дефинира и олесни ресорната соработка во повеќе области – од енергетика до образование , култура, транспорт, рече Ангелов додавајќи дека комуникацијата во последните месеци била фокусирана на овие области.

Тој потсети дека досега се одржани четири состаноци на министерско ниво за надворешни работи, а проширено во формат со други министерства, а наскоро се очекува и да се конкретизира, односно официјализира, тоа што е договорено.

На новинарско прашање дали политичката ситуација во Македонија има влијание врз билатералните односи со Грција, Ангелов рече дека во секоја земја која има комплицирани долгогодишни прашања со одредена друга земја, за да се дојде до ситуација на решавање на тие прашања, неопходно е да постои политички капитал, политичка состојба која што дозволува надминување на тие состојби.

– Очигледно, состојбите во Македонија на внатрешно политички план последниве две години даваат помалку простор да се постави политичкиот момент да зборуваме за конечно затворање на прашање кое што е комплицирано и постои веќе 20 години. Сега имаме и техничка влада, така да не би одел повеќе од тоа во политика, особено во внатрешно политичка крајност не би одел, но очигледно е дека, се разбира, има одредени граници до кои што можеме да имаме очекувања, особено во дадениот контекст, истакна македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов.

Најчитани вести