Видео: Ангелов продолжува со притисоци кон новинари и медиуми

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов  продолжува со заканите и притисоците врз медиумите и новинарите, пишува порталот „Република“.

Тој во изјава во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, повторно нападна дел од македонските медиуми.

-Ако вие го сметате „Курир“ за медиум, тогаш во ред. Да имаме правна држава, вработените во „Курир“ и во „Сител“  треба да завршат во затвор, вели тој.

Ангелов продолжува со организација на секојдневни обиди за упад во МРТВ и притисокот врз уредниците и новинарите во овој медиум. Вербално го нападна уредникот на „Нетпрес“, Дејан Николовски, додека тој со пријатели седеше во кафеана.

Стана практика опозицијата и нејзините поддржувачи да вршат притисок врз медиумите, да се закануваат, да повикуваат на линч. Се удираше на излогот на „Радио Слободна Македонија“ додека новинарска екипа седеше во студиото и водеше емисија. Се вршеше притиоск врз Горан Петрески, стигнуваат разноразни закани, но кога станува збор за медиуми кои не се контролирани од СДСМ или не се финансирани од Сорос, реакции од ЗНМ нема, колегите не излегуваат на улица за да искажат поддршка. Кога се работи за некаков притисок врз новинари кои ја поддржуваат опозицијата, неминовни се уличните собири и создавањето искривена слика дека власта ги малтретира, констатира „Република“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.