Свет

(ВИДЕО) Анонимуси најавија одмазда за „Шарли ебдо“: Ќе ги затвориме сите џихадистички сајтови

(ВИДЕО) Анонимуси најавија одмазда за „Шарли ебдо“: Ќе ги затвориме сите џихадистички сајтови

Активистичката хакерска групација Анонимус им објави војна на милитантните исламисти од сите големи груапции, во знак на одмазда за масакрот во Париз во кој браќата Саид и Шериф Куаши убија 10 новинари на весникот „Шарли ебдо“ и другите терористички убиства во Париз, јавува британски Телеграф.

На снимката, маскираниот „анонимец“ вели дека ова е „порака до Ал Каеда, Исламска држава и другите терористи,  бидејќи слободата на изразот е нехумано повредена.

– Објавуваме војна против вас, терористите,  вели членот на Анонимус на снимката.

Групата додава дека ќе ги следи и ќе ги затвора и сите профили на социјалните мрежи поврзани со терористите, за да се одмаздат за убиствата што ги сториле.