четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 0

ВИДЕО: Апсењето на поранешниот српски министер Милосављевиќ

milosavlevic-1

Последни вести

Во рамки на досега најобемната акција за борба против корупцијата во Србија, српската полиција упаси 79 лица, меѓу кои се и поранешниот министер за трговија и за земјоделство Слободан Милосављевиќ, неколкумина некогашни помошници министри и директори на јавни претпријатија, како и повеќе бизнисмени.

Милосављевиќ, кој е член на опозициската Демократска партија (ДС), беше министер за трговија, туризам и услуги од 2001 до 2004 во владите на Зоран Ѓинѓиќ и Зоран Живковиќ. Од 2007 до 2008 беше министер за земјодлество во Владата на Војислав Коптуница, а потоа од 2008 до 2011 и министер за трговија и услуги во Кабинетот на Мирко Цветковиќ.

Српското министерство за внатрешни работи објави видео снимки од акцијата и од апсењата.

Како што соопшти денеска српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, уапсените се товарат дека на државата и нанеле штета од над 100 милиони евра.

Стефановиќ на вонредна прес-конференција во Белград информира дека акцијата е спроведена врз основа на истраги водени уште во 2004 година.

Акцијата ќе продолжи и никој нема да биде поштеден, порача Стефановиќ, додавајќи дека веќе се поднесени кривични пријави против 39 лица.

Најчитани вести