ВИДЕО: Апсењето на третиот напаѓач од бриселскиот аеродром

Белгиецот Мохамед Абрини, кој беше баран од полицијата и за кого се верува дека е „човекот со шапка“ или „човекот во бело“ кој се товари за нападите во брислескиот аеродром Завентем е уапсен денес.

Абрини беше баран ипоради сомнение за поврзаност со терористичките напади во Париз минатата година, уапсен е денес, објавува белгиската телевизија VRT.

31-годишниот Абрини беше на листата на најбараните луѓе во Европа, а идентификуван е со помош на надзорните камери.

На тие снимки, направени на два дена пред нападите изведени на 13-ти ноември во кои загинаа 130 лица во Париз, Абрини се наоѓа во автомобил заедно со Салах Абдеслам, најважниот преживеан терорист кој учествуваше во крвавите напади во француската престолнина.

Абдеслам беше уапсен во Брисел пред две недели, четири дена пред припадници на ИД и негови познаници да го изведат нападот во истиот град.

Arrestation de Mohammed Abrini en direct.

Posted by Sebastien Dana Kamran on Friday, April 8, 2016

Вчера белгиската полиција објави нови видео снимки од третиот напаѓач на бриселскиот аеродром. На видео снимката беше направена целосна реконструкција за движењата на напаѓачот пред и по нападите од Брисел. Повеќе за ова на следниот линк.