Видео: Арсенал елиминиран од Лигата на шампионите

Екипата на Арсенал славеше со 2:0 на гостински терен против Монако, но поради поразот од 3:1 на домашен терен доживеа елиминација во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Францускиот тим на реваншот се одлучи за целосна дефанзива, а тоа го искористи Арсенал постигнувајќи два гола, кои сепак беа премалку за пласман во следната рунда. Оливие Жиру во 36-тата и Арон Ремзи беа стрелци на головите за лондонскиот тим, кој до крајот на мечот имаше целосна иницијатива и неколку добри шанси, но сепак не успеа да постигне трет гол кој би го однел во четвртфиналето.

На вториот меч Атлетико Мадрид по изведувањето на пенали го елиминираше германскиот Леверкузен, откако во регуларните 90 минути и по продолженија беше 1:0 во корист на шпанскиот тим, што беше идентичен резултат на победата на Германците на првиот дуел.

Вечерва (20:45 часот) се играат последните два осминафинални натпревара: Барселона – Манчестер Сити (2:1 прв натпревар) и Борусија Дортмунд – Јувентус (1:2).

Пласман во четвртфиналето обезбедија: Баерн, ПСЖ, Порто и Реал Мадрид.