ВИДЕО: Асфалт што пие вода

По се изгледа на барите на патиштата конечно ќе им дојде крај поради овој асфалт што пие вода.

Новиот изум најверојатно сите ќе не израдува, затоа што тој дефинитивно ќе значи крај на барите на паиштата. Научниците открија нова смеса на асфалт под назин „Топмикс Пермиејбл“, што може да впие огромни количини вода.

Во приложеното видео се гледа како оваа смеса, со која што е асфалтиран еден паркинг, впива околу 4.000 литри вода во една минута.

Поголемиот дел од течноста исчезнува веднаш под површината. Оваа нова ехнологија сигурно значајно ќе помогне во елиминирањето на незгодните бари на патиштата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.